Се чини дека најголемо изненадување беше поразот кој Фенербахче на домашен терен го доживеа од норвешкиот тим Молде.
Гостите славеа со 1:3, што е навистина голема победа ако се погледне играчкиот ростер на турскиот гигант, каде има докажани интернационалци од калибарот на Робин Ван Перси, Нани, Раул Меирелеш итн.
Молде поведе во 36-та минута од пенал, а стрелец беше Томи Хоиланд. Веднаш, по само шест минути игра, Нани израмни на 1:1, резултат со кој екипите заминаа на пауза. Во вториот дел се очекуваше целосна офанзива на Фенербахче и комплетен пресврт, но во 53-та минута Норвежаните беа тие што повторно поведа, овој пат со погодокот на Мохамед Елионоуси. За изненадувањето да биде комплетно, се погрижи Мартин Линс во 65-та минута, кога го постигна третиот гол за гостинската екипа.
Пораз на домашен терен доживеа и калчолигашот Фиорентина, кој загуби од Базел со 1:2.
Домаќините тргнаа офанзивно и веќе во 4-та минута поведоа преку Никола Калиниќ. Во вториот дел, Гонзало Родригез заработи црвен картон, со што бродот на “виолетовите” почна да тоне. Со играч помалку, Фиорентина не беше способна да му се спротивстави на Базел, кој со погодоците на Биркир Бјарнасон во 71-та и Мохамед Елнени во 79-та минута направи комплетен пресврт и успеа да слави на ова тешко гостување во Италија.
Резултати – 1-во коло:
Група Г
Дњипро – Лацио 1:1
Ст. Етјен – Розенборг 2:2
Група Х
Скендербег – Бешикташ 0:1
Спортинг – Локомотива М. 1:3
Група И
Фиорентина – Базел 1:2
Лех – Белененсес 0:0
Група Ј
Андерлехт – Монако 1:1
Тотенхем – Карабах 3:1
Група К
Астерас – Спарта П. 1:1
АПОЕЛ – Шалке 0:3
Група Л
Партизан – АЗ Алкмар 3:2
Атлетик Билбао – Аугсбург 3:1