Јужните делови од земјата се зафатени од невремето што беше најавувано во текот на изминатите денови.
Невреме ппроследено со грмежи и врнежи веќе има југозападно од Битола и според правецот на движење треба да го зафати јужниот дел на Пелагонија. Нестабилност има и во Гевгелиско.
Во Скопје претпладне се очекува времето да биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер.
За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.