Јапонскиот пензиски фонд забележал загуба од 50 милијарди долари поради трговските тензии

Јапонскиот државен пензиски фонд (GPIF) објави во петокот дека во првиот квартал на вложувањата во странство забележал загуба од 5.500 милијарди јени, или 50 милијарди американски долари, поради падот на цените на акциите во Јапонија и во странство под влијание на загриженоста поради трговските тензии меѓу САД и Кина.

Загубата во првото годинешно тримесечје е четвртиот квартален пад од октомври 2014 година кога најголемиот пензиски фонд во светот започна да насочува поголеми износи од пензиската заштеда во купување акции за сметка на вложувањата во обврзници.

Најслабите резултати во периодот од јануари до март се забележани на вложувањата во странските акции, искажани во негативниот принос од 6,35 отсто. Негативен принос оствариле и на вложувањата во јапонските акции, од 4,72 отсто.

Јапонскиот берзански индекс Nikkei и американскиот индекс на индустриските компании Dow Jones Industrial Average паднаа во првото тримесечје за 8,7 односно за 2,9 отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп во март ја потпиша извршната уредба за воведување царини на увозот од Кина во вредност од 60 милијарди долари.

Дополнително вредноста на странските вложуања на јапонскиот пензински фонд ги намалил силниот јен, кој во првиот годинешен квартал зајакна во однос на доларот за 5,6 отсто.

На крајот од март GPIF управувал со капитал од вкупна вредност од 156 илјади милијарди јени.

Податоците покажуваат дека во првите три месеца од оваа година вложиле малку повеќе од четвртина од парите во јапонски акции, 27,5 отсто во домашните обврзници, 23,88 проценти во странски акции, а 14,77 отсто во странски обврзници. Останатите 8,7 отсто се вложени во краткорочни капитали, главно во готовина.

Според пресметката на Reuters заснована врз рзултатите обајвени од фондот, GPIF во првиот квартал купил странски обврзници во нето вредност од 1.800 милијарди јени. Купиле, исто така, странски обврзници во вредност од 230 милијарди јени, и јапонски акции во вредност од 70 милијарди јени. Воедно ја намалиле вредноста на портфељот на домашните обврзници за 880 милијрди јени, пресметале во Reuters.