Почна седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Во седиштето на партијата, почна седницата на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ. Засега нема најави колку ќе трае состанокот, ниту пак официјална потврда за што конкретно ќе се разговара.

Она што го најавија е дека тема ќе бидат случувањата на политичката сцена односно петочното гласање во Собранието за отворање на Уставот.

Во пресрет на седницата на ЦК во јавноста кружеа шпекулации за можните правци во кои ќе се одвива вечерашниот состанок, меѓу кои едниот е дека ќе се разгледува евентуално исклучување на Сашо Мијалков од партијата бидејќи тој се поврзува со обезбедувањето на двотретинското мнозинство, а другата е дека едно од крилата во ВМРО-ДПМНЕ ќе побара оставна од лидерот Христијан Мицкоски.