Втората лидерска средба, која синоќа ја закажа премиерот Зоран Заев точно напладне почна во Клуб на пратеници.
На барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денешната средба е во поинаков формат, за разлика од онаа вчерашната каде беа присутни лидери, плус еден член на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието.
На денешната лидерска средба од СДСМ присутни се Зоран Заев и Радмила Шекеринска, од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева, од ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи и од БЕСА, крилото на Биљал Касами, освен лидерот, присутни се Аријанит Хоџа и Кастриот Реџепи.