Почнува десетата мeѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“

Десетта мeѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“
Десетта мeѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“

Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и Хотел  Солун, денеска, ќе започне 10-та по ред Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“  што  ќе трае до 30 август.

Колонијата ќе се одржува во Хотел Солун, Скопје, сместен во централното јадро на град Скопје, што ќе овозможи анимирање на централното јадро од градот кое во последните години видно го измени својот лик, а на учесниците ќе им ја предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција.

Во близината се наоѓа и Старата Скопска Чаршија која е доста интересна по својата архитектура и старите занаети и преставува една од најголемите  ориентални чаршии на Балканот. Затоа врската со времето и просторот и оваа година  ќе биде предизвик за учесниците од Меѓународната ликовна колонија „Скопје  2015”.

Годинава на своите ликовни дела свој потпис ќе остават десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини. Тоа се:

Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, Мариана Алассеур од Р.Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.

На 29 август, ќе се одржи изложба со делата од колонијата „Скопје 2015“ и тие ќе бидат достапни за јавноста.