Во индустриската зона Неокази, Пробиштип денес ќе биде поставен камен темелник за изградба на фабриката на компанијата Кранфилд Фаундри (Cranfield Foundry).
Компанијата ќе гради најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија. Според најавите во оваа компанија ќе се вработат меѓу 250-300 лица.
Компанијата Кранфилд Фаундри ќе вложи 15 милиони евра, а проектот ќе зафаќа површина од околу осум хектари, а ќе се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни.
На почетокот на изградбата на фабриката ќе присуствуваат премиерот Емил Димитриев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.