Почнува изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија

гевгелија

Заеднички констатиравме дека сите подготовки се завршени и договоривме изведбените работи да почнат на 15 овој месец и ќе се реализираат согласно потпишаниот Договор, рече Франгов.

Проектот за подобрување на системот за снабдување со вода предвидува изградба на нови бунари со проектирана издашност од 150 до 200 литри вода во секунда, хлорна станица, резервоар на Мрзенски рид со капацитет од 1.000 метри кубни и потисен цевковод од бунарите до резервоарот, со должина од 1.366 метри.

Изградбата на системот вреден околу 105 милиони денари треба да заврши до крајот на оваа година.Средствата се обезбедени преку ИПА грант од Европската инветициска банка и преку подзаем од Светската банка.