Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделникот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен, особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата ќе се движи од 6 до 18 Целзиусови степени, а во Скопје и околината од 8 до 16 степени.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе минуваат во снег. Температурите ќе опаднат така што минималните утрински ќе изнесуваат од 4 до 9 степени, а максималните темпратури од 8 до 13.
Во вторник и во среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од среда ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.
Во среда минималните темпратури ќе изнесуваат од 3 до 10 степени, а максималните од 9 до 15.
Во четврток се предвидуваат и минусни температури. Така максималните за овој ден се предвидува да бидат од -1 до 8 степени, додека максималните од 13 до 19 степени.
Во петок ноќните и утринските температури ќе бидат од минус два до седум степени, додека максималните од 16 до 23 степени.