Српската Влада ја усвои одлуката за максимален број на вработени во јавниот сектор.
Според Фискалната стратегија за 2016. година веќе во јануари 14.000 луѓе ќе останат без работа, а во наредната година, планот е да згаснат уште 35.000 работни места.
На сајтот на Владата на Србија, објавена е Фискална стратегија за 2016. Година, со проекции за 2017. и 2018., со која се предвидува намалување на минусот во државната каса.
Како што е договорено со ММФ, мора да бидат намалени трошоците за плати за вработените во јавниот сектор и тоа за три проценти во 2016. година, а во 2017. за дополнителни пет отсто.