Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година, пренесува МИА.
Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.
Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.
Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk, се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државата, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.
Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015.