Денеска во скопскиот хотел „Хилтон“ ќе се одржи заеднички настан на кој ќе учествува лидерите опозициските партии во Македонија, но и водечките опозициски партии од соседството, што претставува првиот мост за соработка во регионот, а особено што ја навестува извесната потесна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и албанските опозициски партии.
Според најавата, во организација на фондацијатра „Конрад Аденауер“, блиска на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, на настанот ќе земат учество лидерите на водечките десни опозициски партии во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, и на Алтернатива, Африм Гаши, како и на Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, која ќе ја претставува Арбенн Кушаху, и на Демократската лига на Косово чиј основач е покојниот Ибрахим Ругова, а нејзин сегашен челник е Иса Мустафа.
Особено, во меѓународени контекст е значајно што на оваа средба на опозицските лидери кои ќе говорат на темата „Conservative People’s Parties – Building Bridges towards а common EU future“ (Конзервативните народни партии – Градење мостови кон заединичка иднина во ЕУ), поздравно обраќање преку линковска врска поради пандемијата од коронавирусот ќе има и Пауло Рангел, потпретедателот Еврпската народна партија (EPP) најбројната партија во Европскиот парламент.
Таква можност беше најавена и во изјавата од пред две седмции на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека „ако ДУИ повторно коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ….“, а се чини дека сега со овој настан под европско покровителство таквата опција оди кон конкретизација.
Особено е интересно што станува збор за прва јавна средба меѓу претставниците на најголемите опозицски коалиции во двата најбројни етнички кампуса во Македонија, што навесува и многу веројатен почеток на конркетна соработка во настојувања за што побрзо симнување од власта на сегашната владејачка коалиција на СДСМ/ Беса и ДУИ.
Ваквата можност беше оставена отворена, во понеделникот во емисијата „Клан Дебат“ на Селадин Џезаири, и од самиот лидер на македонската опозиција, Мицкоски.
Иако е рано да се зборува за повеќе детали, неспорно е дека приближувањето на македонско-албанската опозиција оди кон профилирање на политичката сцена во земјата. А создавањето два блока, е очекува дека во втор план ќе ги стави вообичаените меѓуетнички тензии, кои се користат во секоја предизборна кампања.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски некаде кон средината на октомври во текот на Live chat со граѓаните одговараше, меѓу другото, и на прашања за потенцијалот за коалициско окрупнување на опозицијата впо следниот период.
„Доколку има ставови кои што нѐ обединуваат, а нѐ обединуваат против заедничкиот политички противник, а тоа е оваа Влада која е реалност во Македонија и овие политичари кои се во Владата, и сето она останато кое во минатото сме го имале како разлики со одредени политички партии или личности треба да бидат во втор план“, истакна тогаш Мицкоски.