Под каков терор живеела Бритни Спирс – ја терале да користи литиум и да пее штом ќе се разбуди

Летото 2021 година конечно беа потврдени стравувањата на голем број обожаватели на поп-ѕвездата Бритни Спирс, дека нејзиното „невообичаено“ однесување всушност било последица на долгогодишно злоставување.

Во екот на вестите дека конечно доби слободата од контролата на нејзиниот татко, Марк Делкор поранешниот музички продуцент на Бритни Спирс сведочи за различните начини на кои американската пејачка била зпоставувана.

И самата Спирс порано изјавуваше дека во текот на 2019 година ја присилувале да користи „литиум“, опијат кој се користи за лекување разни болести и кој служи како контролор на расположението. Поради „литиумот“ често била дезориентирана.

„Тоа е силна дрога. Може да добиете ментални оштетувања доколку го консумирате повеќе од пет месеци. Се чувствував како да сум пијана. Не можев да водам нормални разговори со своето семејство“, рече своевремено Бритни.

Делкор сега ги потврди наводите на пејачката и одалд ека ја терале да го користи литиумот рано наутро, кога била „најпродуктивна“. Открива и дека Бритни била принудувана да пее веднаш штом ќе стане од кревет, што воопшто не е практикувани и вообичаено кај пејачите.

Нејзиниот поранешен музички продуцент тврди дека неброени пати му се случило Бритни да се пожали дека е „ужасно заморена“ и дека сака да спие. Таквите моменти се повторувале во периодот кога тато ѝ ја форсирал да продолжи со настапите и концертните турнеи.

Таткото на пејачката, Џејми Спирс, деновиве е особено намразен меѓу милионската публика на една од иконите на американската поп-култура. Речиси секој ден во јавноста се појавуваат нови поединости од неговата повеќегодошна контрола над животот на ќерката.

Познато е дека против нејзината волја закажувал турнеи, концерти, како и резуденцијални настапи во Лас Вегас кои траеја повеќе години. Покрај тоа, Бритни снимаше и албуми, а забележливо беше дека во текот на медиумски настапи често делуваше „загубено“ и дезориентирано.

Таткото го доби старателството над Бритни откако во 2008 година доживеа нервна криза. Тоа подразбираше целосна контрола над нејзините одлуки, како и контролирање на нејзините финансии. Речиси 13 години подоцна пејачката на судот изјави дека старателството над неа е „злоставување“ и дека „го сака својот живот назад“, во што на крајот и успеа.