Се уште е непозната судбината на 13 лица.
Моќната лавина, предизвикана од земјотресот и силните снежни врнежи, на 18 јануари се спушти врз хотелот „Ригопиано“ и целосно го затрупал четирикатниот туристички објект.
Во хотелот во моментот на несреќата се наоѓале над 30 лица, а лавината ја преживеаја девет гости, меѓу кои и четири деца, кои биле извадени од под урнатините. Други двајца преживеале благодарение на тоа што непосредно пред несреќата излегле од зградата.