Бразил попушти пред притисоците од САД и го одбил барањето на Иран два негови воени бродови да се впловат и вкотват во пристаништето во Рио де Жаниеро, соопштија за Reuters неименувани извори, појаснувајќи дека тоа се случувало во моментот кога бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва подготвувал состанок со американскиот колега по должност Џо Бајден, кој на крајот ќе се случи подоцна во текот на денот.
Одлуката на Бразил претставува гест во насока на јакнење на врските на левичарскиот претседател Лула да Силва со администрацијата во Вашингтон, откако американско-бразилските односи беа влошени кога бразилски претседател беше десничарот Жаир Болсонаро кој пак соработуваше тесно со републиканецот Доналд Трамп, а со доаѓањето во Белата куќа на демократот Џо Бајден, оценува Reuters.
Овој потег доаѓа и покрај тоа што на почетокот од годинава избраниот бразилски претседател Лула да Силва е долгогодишен противник на американските санкции против Иран, односно заговорник на суверена надворешна политика.
Како што објавено во бразилскиот службен весник, Бразил на 13-ти јануари им дал одобрување на бордовите „IRIS Makran“ и „IRIS Denа“ да се вкотват во пристаништето во Рио де Жанерио од 23-ти до 30-ти јануари. Но тој термин е откажан, а бродовите сега имаат дозвола да впловат и да се вкотват меѓу 26-ти февруари и 3-ти март, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.
Американскиот функционер кој наводно бил запознаен со ситуацијата рекол за Reuters дека можноста иранските воени бродови да бидат вкотвени во Рио во пресретна состанок на Лула во петокот во Вашингтон со Бајден „беше нешто непријатно што се сакаше да се избегне“.
„Се водеа многу разговори зад кулисите за тоа на многу различни нивоа“, рекол за агенцијата неименуваниот функционер, оценувајќи дека добрата вест е дека датумите повеќе нема да се совпаѓаат.
Бразилски, исто така анонимен воен извор потврдил дека сојузната влада во Бразилија, преку министерството за надворешни работи ги променило датумите и го одложило впловувањето и вкотвувањето на иранските бродови, коишто не можеле да се вкотват во порано предвидениот термин.
Портпаролот на бразилското Министерство за надворешни работи рекол дека е „погрешна претпоставката“ да се каже дека Вашингтон вршел притисок врз Бразилија.
„Бродовите кои не пристигнаа меѓу 23-ти и 30-ти јануари немаа никаква поврзаност со тоа, а потоа тоа е одложено на периодот од 26-ти февруари до 3-ти мар. Тоа нема врски со САД“, одговорил за Reuters портпаролот на бразилската дипломатија.
Американскиот Стејт департмент не одговорил веднаш на барањето од Reuters за коментар.
Во текот на претходните претседателски мандати дипломатијата со Иран претставуваше еден од акцентите на Лила да Силва во напорите да ја зајакне меѓународната позиција на Бразил. Уште во 2010 година се обиде да посредува во договор за иранската нуклеарна програма меѓу Вашингтон и Техеран, патувајќи во Иран на средба со тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Лула да Силва се противи на долгогодишните американски санкции против Иран, го одби и притисокот од САД да избере страна во руско-украинската војна, наведувајќи дека Бразил е неутрална земја и сака дијалог за да се постигне мир.
Бразил е инаку член на организацијата БРИКС на најбрзорастечките пазари во светот заедно со Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република со коишто развива широка економска и политичка соработка.
Последната седмица од јануари, Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез, чијашто земја исто така пројави силна заинтересираност да му се приклучи на БРИКС, во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански економии работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута – сур.
Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка, а според аналитичарите би претставувало удар за американскиот долар како главно платежно средство во регионот.