
Оригинален подарок за Меркел. Германската канцеларка Ангела Меркел на фракфуртскиот саем за автомобили доби оригинален подарок, односно оттаму си замина со нова Astra, благодарение на Opel.
Таа доби минијатурен модел на автомобилот обоен во бојата на нејзината облека. Меркел застанала на штандот на германскиот производител, и додека шефот на Opel групата, Карл-Томас Нојман, ја запознавал со карактеристиките на новата Astra, зад сцената уметници го обоиле со „ербраш“ техника автомобилот што подоцна ѝ е подарен.
Моделот бил направен за рекордно време!
Кога германската канцеларка се појавила на настанот, таа била фотографирана, а потоа фотографијата им била доставена на дизајнерите за да го обојат моделот во истата боја како нејзината облека.

Дизајнерите имале нешто помалку од еден час за да ја завршат задачата, додека канцеларката стоела на нивниот штанд.
Компанијата дошла до ваква идеја во при последната посета на канцеларката на фабриката Опел пред две години, кога нејзе и’ бил презентиран моделот Опел Адам во црвена боја, исто како и нејзиното сако.