Податоците на корнисниците на Fаcebook на Darknet, Цукерберг губи милијарди?!

Во понеделникот вечерата по македнско време поради големиот пад и прекин на интернет конекциите, корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со веб-станици и апликациите на попурните платформи, како што се Facebook, Instagram, WhatsApp и во некои земји на Twitter, а тоа придонесе богаството на основачот и сопственик на технолошката компанија „Facebook Inc“ да се намали за повеќе милијарди долари.

Според сервисот за податоци Downdetector, кој ја следи работата на популарните интернет ресурсил корисниците во САД почнале да прјавуваат нарушување во функционирањето во работата на мобилните оператори T-Mobile, Verizon и AT&T, како и интернет-провајдерот Spectrum и поребарувачот Google.

Последните часови остро се зголемил и бројот на поплаките за фунцкионирањето и на сервисите Google, YouTube, Twitter, Viber и TikTok. Повеќето корисници се соочуваат со проблеми при пристап до веб-верзиите на услогите, но некои од нив не успеваат да се најават ниту на мобилните апликации, според податоците на порталот  Downdetector.

Во услови на масивното нарушување, паѓаат акциите на американските технолошки компани, меѓу кои Facebook, Twitter, Alphabet и Amazon. Поради пријавените проблеми, технолошкиот индекс NASDAQ на њујоршк Волстрит падна за повеќе од 2,3 проценти. Марк Цукерберг, според податоците на ресурсот The World’s Real-time Billionaires на сајтот на магазинот Forbеs, загубил веќе 6,4 милијарди долари за само еден час во понеделникот.

Вработените во Facebook не можат да влезат во зградата на компанијата, поради порано донесените решенија за работа од дома во согласност со еподемиолошките мерки но и од засега непознати причини, а исто така имаат тешкотии да ги користат програмите за корпоративна комуникација, објави на Twitter Рајан Марк новинар на The New York Times.

Порталот Privacy Affairs соопшти деа базата на податоци на Facebook со 1,5 милијарди корисници е ставената на продажба на „подземната мрежа“ Darknet.

Сепак, во компанијата се сомневаат дека ова што се случува со корисниците ширум светот е резултат на кибернетички напад, бидејќи Facebook, Instagram и WhatsApp „премногу се разлини меѓу себе“, пишува NYT повикувајќи се на вработени во Facebook кои сакале да останат анонимни.

Платформите се недостапни повеќе од четири часови. Иако сѐ уште не е познат целиот обем на прекинот и причината за него, „ова е веќе најдолгиот прекин за технолошкиот гигант од 2008 година, кога Facebook не беше достапен за 80 милиони кориснции речиси еден ден“, оценува телевизијата CNBC News