Податоците на Сноуден завршија кај Русите

Голем дел од тајните податоци кои Едвард Сноуден успеа  да ги изнесе од земјата наверојатно завршиле кај руските разузнавачи, предупредија  американските конргесмени.

„Дведесет и пет отсто од имформациите кои тој ги однел се однесуваат на војската. Тоа се и тактички и стратешки информации за кои верува дека сега се во рацете на Русите“, изјавил конгресменот Мајк Роџерс. Тој додава дека Русите имаат голема корист од тие податоци, но вели дека тие податоци би биле од корист и за кинеската војска. Роџерс вели дека оваа негова изјава е заснова на доверливиот извештај што Пентагон го изврши по процената н штетата од поранешниот разузнувач.

Сноуден го шокираше светот кога го објави тајниот програм на НСА со кои се собираат телефонски метаподатоци од голем број Американци.

Роџерс појасни дека Сноуден од Америка изнел 1.7 милион податоци.

Сноуден, кого Америка го бара поради обвинението за шпионажа доби азил во Русија. Роџерс смета дека веќе не е прашање дали Сноуден е под влијание на руските разузнавачки служи, туку се прашува само кога тоа почнало.