
Агенцијата за филм на Република Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Целта на Меморандумот е да се зајакне соработката помеѓу двете институции и да овозможи преземање конкретни активности од заеднички интерес.
Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски подетално информираа за полињата на соработка и заедничките активности во периодот што следи.
Дел од активностите на кои ќе се соработува се однесуваат на: поддршка за телевизиско емитување на македонските филмски проекти, популаризирање на мерката за поттикнување на вложувањето средства во филмски односно телевизиски проекти, заштита на малолетната публика при кинотечно и телевизиско прикажување филмови, почитување и заштита на авторските права и сродните права, поттикнување на развојот на медиумската и филмската писменост во Република Македонија и сл.