Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден меѓу Американците падна на 36 отсто, што е најниското во последните две години, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено заеднички од новинската агенција Reuters и агенцијата за маркетинг истражиувања Ipsos спроведена од 17-ти до 20-ти мај.
Според објавените во вторникот податоци, последен пат рејтингот на еден американски лидер бил на толку ниско ниво во јули 2022 година. Во април оваа година, 38 отсто од испитаниците позитивно ја оцениле работата на Бајден.
Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден така падна на најниско нивото што одговара на најнискиот процент од неговиот мандат. Истражувањето покажува дека само 36 отсто од Американците го одобруваат настапот на Бајден, што е намалување од 38 отсто во април.
Ова е враќање на најниското ниво на поддршка за демократски претседател во јули 2022 година, половина година пред Бајден да се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите на 5-ти ноември. Поранешниот претседател Трамп има мала предност пред актуелниот претседател во клучните држави за кои се верува дека ќе го одредат победникот.
Дека состојбата на економијата е најсериозен проблем во САД рекле 23 отсто од учесниците во истражувањето, 21 отсто главно се загрижени за проблемот со политичкиот екстремизам, а 13 процнети за прашањето на илегалната миграција во САД.
Друга анкета на Reuters/Ipsos, исто така, покажа дека многу демократи не се согласуваат со одговорот на Бајден на израелската офанзива на Појасот Газа, што дополнително ги загрозува неговите изгледи на ноемвриските избори.