Поддршката за згрижувачките семејства e клучна алка во борбата против насилството

„Згрижувачките семејства се столбот на процесот на деинституционализација, но нивниот број и подготвеност треба да се зголемат. Неопходни се повеќе специјализирани семејства, обучени да одговорат на специфичните потреби на децата“, објави на фејсбук Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади, во врска со настанот организиран од СОС Детско Село, за виталната улога на згрижувачките семејства во создавањето безбедна и инклузивна средина за децата, особено за оние со попреченост и жртвите на насилство.

-Локалните самоуправи, со поддршка од заедницата, веќе покажуваат интерес за отворање социјални сервиси, чекор кој мора заеднички да го поттикнеме.
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, ги повикуваме сите засегнати страни да се вклучат во градењето систем кој ќе обезбеди:
– Поддршка и рехабилитација за жртвите.
– Подготовка и едукација за згрижувачките семејства.
– Превенција преку ангажман на сите нивоа“, нотира Велковски. Секое дете заслужува дом исполнет со љубов и поддршка. Згрижувачките семејства се нашиот најголем сојузник во оваа мисија. Да ги поддржиме оние кои го носат товарот на промени – заедно можеме повеќе!, потенцира Велковски во објавата.