Софија нема проблем со името на земјата, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов во македонското министерство за одбрана…
Бугарија ја поддржува кандидатура на Македонија за членство во НАТО. Софија нема проблем со името на земјата, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов во македонското министерство за одбрана.
„Изрично сакам да потенцирам со цел да ги прекинам политичките шпекулации – ги поддржуваме дрважното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Немаме проблем со името на РМ, ја признаваме земјата под уставно име. Подготвени сме да помогнеме во решавање на спорот со други земји со цел конечно да се отворат вратите на Македонија за полноправно членство во НАТО“, нагласи Каракачанов.
Со министерката за одбрана Радмила Шекеринска се согласиле да работат на операционализација на договорот меѓу двете држави потпишан на 1-ви август во делот на заедничките вежби и обука.