Поддршка за „Заедничка Македонија“ во Гевгелија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Гевгелија беше подржана и вечерва со мирен протестен марш од кој беше испратена порака до сите политичари да се откажат од помислата да тргуваат со националните интереси на Македонија.

Нашето уставно име е свето, порачаа, и неговото менување е исто како некој да сака да го избрише делот од  библијата во кој е спомната Македонија.

– Тоа нема да помине, како што нема да прифатиме двојазичност и бинационална држава, истакнаа учесниците на протесниот марш.

Побараа од политичарите и сите жители на Македонија, што побргу, како што рекоа,  да се здружиме, да ја надминеме кризата наметната со платформи од други држави, и да продолжиме да живееме во унитарна и заедничка Македонија.