Поддржувач на СДСМ повторно со фрапантен говор на омраз кон Мицкоски, дали институциите конечно ќе реагираат

Поранешниот новинар близок до актуелната власт, Бранко Тричковски, повторно со говор на омраза кон децата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, но отсуствуваат реакции на надлежните институции какви што инаку преземаат кога во слична ситуација се претставници на власта.

„Кога му се родиле децата, Мицковски отишол на Телма и изјавил дека за сѐ е виновен Заев“!, напиша Тричковски на Фејсбук.

Преостанува да се види дали овојпат, ќе реагира на некоков начин правобранителот.

Тричковски, кој е човек близок до владејачката СДСМ уште од периодот кога социјалдемократите жестоко се противеа на осамостојувањето на Македонија во 1990-те години, и натаму ја игра својата улога на пиун, сега „трол“ на социјалните мрежи, со неговите небулозни конструкции во одбрана на премиертот Зоран Заев и власта.

Меѓутоа, она што е загрижувачки е што овој поранешен новинар во државни и весници блиски на СДСМ, последните години во јавноста истапува, во најмала рака со налудничав говор на омраза насочен кон политичките противници на Заев, а особено насочен кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тричковски, инаку, ланскиот септември повика дури и на ликвидација на Мицкоски.

„Кил Миц. Можеби е најдобро Мицкоски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“, напиша тогаш во својот статус полн со омраза поранешниот новинар Бранко Тричковски.

Тричковски, кој на мрежата од неговите „следбеници“ се доживува како „гласот на СДСМ и власта на Заев“, ниту досега не се воздржувал да упати јавни закани и повици за ликвидација на членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но обвинителството никогаш не собра храброст, како и Министерството за внатрешни работи, да преземат мерки во спречување на ваквиот запаллив говор на омраз.