лото раководство зборуваше колку тие ќе биле професионалци во своите области а на крајот видовме предложени кадри од највисокото партиско раководство. Со лаги и манипулации не се добива доверба од граѓаните. ПОДЕМ смета дека најголемата придобивка од политичкиот договор се изборите на 24-ти Април на кои граѓаните ќе му ја кажат вистината, ќе му покажат и докажат дека на власт се доаѓа само преку еден и единствен начин со поддршка од граѓаните. Граѓаните на Република Македонија на 24-ти Април ќе стават крај на манипулантите и на деструктивната политика на СДСМ, посочи генералниот секретар на партијата.
Димески додава дека народот секогаш знаел да направи разлика помеѓу проекти и лажни ветувања, меѓу искреност и манупулирање, помеѓу инвестиции во капитални проекти и инвестиции на шалтер во менувачница.