ПОДЕМ: Законот за јазици не смее да ја кочи европската перспектива на Македонија

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ уште еднаш повикува на транспарентност и отвореност во однос на најважните национални прашања како што е законот за јазици и односите со соседите односно спорот со името.

„Очигледно е дека Законот за јазици ја ниша владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ. Да не дозволиме тоа нишање да ја разниша и стабилноста и перспективата на Република Македонија. Доста е со уцени! Да не дозволиме теснопартиски интереси и уцени да ја одредуваат судбината на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението.

Поради тоа, од ПОДЕМ ги повикуваат дведе владејачки паратии СДСМ и ДУИ со отвореност и транспарентност да стават крај на тензиите. Во соопштенито се оценува дека секакви уцени ќе се пресечат во корен ако јавно и јасно се каже што се договарало, ако отворено се каже што може, а што не може да биде производ на коалицирањето.

„Транспарентоста е единствениот метод кој треба да се примени и во односите со соседите, но и дома. Затскривањата на тоа што се преговара, како со Грција, така и со ДУИ, очигледно води кон засилени апетити“, се додава.

Од ПОДЕМ посочуваат дека Грција порача дека не било доволно што Македонија ги смени таблите со имињата на аеродомот и автопатот и оти Атина отворено предупредува дека со таквите акции нема да се реши проблемот со името, како и дека министерот Каменос дури порача и дека Заев давал хумуристични изјави.

„Во Грција веќе не нé сфаќаат сериозно. А и како ќе нé сфаќаат по толку отстапки?! Како да не можеше таблите да се сменат откако ќе се реши името. Сега бараат надуставен договор, доаѓаат со дополнет нацрт… и што ли уште ќе им текне до следната недела кога Коѕијас ќе дојде во Македонија за да ги врачи новите уцени“, предупредуваат од ПОДЕМ.

Посочуваат, исто така, дека со сите отстапки сторени изминатава година Грција, како и ДУИ само добиваат залет во своте настојувња.

„Доцна се укажа и на начелото на реципроцитет. Но за да не биде предоцна, сега е моментот сé СЕ отворено да се каже. Што му е ветено на Грција и што му е ветено на ДУИ. Македонскиот народ има право да знае кој и како му ја крои судбината“, се додава во соопштението.

Од ПОДЕМ изразуваат задоволство што најверојатно сега ќе се реализира лидерската средба на којашто повикуваваа во минатото, но истакнуваат дека лидерската средба треба да се одржи во проширен состав, односно да се вклучат сите релеванти партии.

„Во време кога целата политичка ситуација во Македонија мириса на техничка влада и предвремени избори, можеби е време да се размисли за една национална коалиција. Двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да седнат на иста маса и да направат коалиција по примерот на Германија. Со тоа, заеднички еднаш засекогаш да ги одредат приоритетите за националните прашања“, додаваат од ПОДЕМ.

Приоритет за Македонија е влезот во Европа, а не донесување на закони кои не подлежат на европско знаме, но се наметнуваат и го блокираат собранието кое треба да ги донесе вистинските европски закони. Таа коалиција, на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, треба да е отворена и за албанските партии. Но тие треба да покажат дека и мислат добро на Македонија, а да не секое коалицирање да го користат за остварување на цели кои не се во заеднички интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на која етничка група припаѓаат.

„На крајот на краиштата Законот за јазици и не е закон за јазици, туку е Закон за албанскиот јазик. Зарем во 21 век Македонија ќе носи закон кој не ги става во рамноправна положба сите етнички заедници. Дури преку една ваква широка коалиција, каде никој никого нема да може да уценува, ќе се види реалната политичка моќ на партиите, која треба да извира од гласот на граѓаните“, се вели

Според ПОДЕМ формирањето таква коалиција ќе овозможи и одржување на долго бараниот попис.

„Да се преброиме и да видиме кој колку придонесува во оваа држава, а колку бара. Оти очигледно е дека некој бара премногу“, велат

Со формирањето на таква коалиција, се продолжува во соопштението, нема веќе да има состојби кои не ја отсликуваат реалноста, но се манифестираат низ поделби на директорски места, уцени и земање плата по рамковен без да се оди на работа, и сето тоа додека народот во Македонија не може да врзе крај со крај.