Црногорската влада донесе необична одлука во кругот на касарната на аредромот во Голубовци да подигне спомен гробишта за германските војници од Втората Светска војна.
Марко Перковиќ, познат како генерален конзул во СФРЈ, побарал од Уставниот суд да се изјасни за уставноста на оваа одлука на Црногорската влада.
„Ова би било единствено од 825 слични спомен гробишта подигнати на територијата на 45 земји кое би го чувала војската, односно потомци на оние кои полни четири години крвареле во немилосрдна борба со фашизмот и затоа сакаме да го осуетиме тој потфат“, рекол рече Перковиќ.
Тој вели дека од преписката со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ и поранешниот премиер, а сегашен шеф на дипломатијата, Игор Лукшиќ дознал дека станува збор за политички мотивиран договор, односно дека Црна Гора попуштила под притисокот на Германската влада.
Доколку би опстоила одлуката на владата во Подгорица и германски спомен гробишта би биле подигнати во кругот на касарната. Според Перковиќ, тоа би значело дека војската на Црна Гора ќе има обврска да биде некоја вид на почесна стража на гробиштата, односно да биде чувар на споменик на злосторници и окупатори, кои убиле толку многу недолжен народ и посеале толку многу знајни и незнајни гробови заради остварување на своите империјални фашистички цели.
За потсетување, првобитно било одлучено спомен- гробиштата на германските војници од Втората светска војна да бидат во кругот на касарната ,,Милован Шарановиќ,, во Даниловград, на што посебно инсистирал германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле.
Ваквата одлука била проследена со жесток отпор и протести.