Подготвен новиот Предлог- закон за јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во: „Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.

Клучната гаранција е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на Јавното обвинителство.

Висината на средствата за работа на ова Јавно обвинителство се утврдува врз основа на предлог Буџет и финансиски план на Шефот на ова Јавно обвинителство, кој го доставува до Јавниот обвинител и Министерството за финансии. Овој предлог, Шефот на обвинителството го изготвува земајќи го во предвид буџетот за претходната година во консултација со Јавниот обвинител на РСМ.

Платата на шефот на ова Јавно обвинителство, како што се предлага во законот, се утврдува на износ од 5 проценти помала плата од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а платата на Јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на Шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.

Јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителство.

Постојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.

Министерството за правда го испраќа овој закон во владина процедура и се очекува истиот влезе во собраниска процедура следната недела.