Подготвен теренот за одобренија за 5Г и нова конкуренција во мобилната телефонија

– Со тендерот за одобренија за 5Г што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) треба да го објави наскоро се предвидени два блока за влез на мрежен оператор во мобилната телефонија. Евентуален влез на нов мрежен оператор во државава ќе ја зајакне конкуренцијата на пазарот каде сега доминираат Македонски Телеком и А1 Македонија, а работат и три виртуелни оператори кои во изминатите години презедоа приближно три проценти од пазарниот удел. На пазарот клучно ќе биде инвестирањето во оптичка инфраструктура.

Српски Телеком којшто преку МТЕЛ неделава влезе на  македонскиот пазар со продажба на сателитска телевизија објави планови во првата половина од следната година да нуди и телекомуникациски услуги во мобилната телефонија.