За оваа торта ви се потребни:
За тестото:
– 200 гр. маргарин
– 1/2 чаша шеќер
– 2 лажици мед
– 2 чаши брашно
– 1/2 лажичка цимет
за филот од маршмелоу:
– 3 лажички желатин
– 1 чаша ладна вода
– 2 чаши шеќер
– 2 лажици мед
– 2 белки од јајце
– 1 лажичка валинин шеќер
За глазурата:
– 200 гр. чоколадо за говтење
– 3/4 чаша млеко
Начин на подготовка:
За да го направите крцкавото тесто, со миксер измешајте ги маргаринот, шеќерот и медот додека да се спојат. Во друг сад измешајте ги брашното и циметот. Измешајте ги двете смеси заедно додека не се направи тесто, а потоа завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
Загрејте ја рерната на 200°C. Размесете го тестото и ставете го во тепсија. Печете околу 20 минути.
Додека тестото се лади, направете го маршмелоу филот. Ставете го желатинот во ладна вода. Во сад на средна топлина ставете ги шеќерот, медот и 1/2 чаша вода. Мешајте се додека шеќерот се раствора.
Со миксер изматете ги белките, а потоа додадете ја претходната мешавина и повторно убаво измешајте.
Смесата ставете ја на крцкавото тесто.
За да ја направите чоколадната глазура, стопете го чоколадото со млекото. Прелијте ја тортата со чоколадната глазура и оставете ја минимум 30 минути, а потоа исечете ја и послужете ја.