Подгответе лазања со печурки

Еве една идеја како да подготвите нешто невообичаено, а вкусно. За оваа лазања со печурки ќе ви бидат потребни неколку вида печурки.

Состојки:

500 грама тесто за лазањи

350 грама шампињони

200 грама буковка

150 грама шитаке печурки

100 грама вргањ

1 врзоп листови од магданос

1 црвен кромид

4 главици кромид

250 грама гауда сирење – полномасно

200 грама кисело млеко (20% малсеност)

3 лажици бело пченично брашно

1 литар кравјо млеко, полномасно

2 лажици путер

Мускантно оревче

Маслиново масло

Сол

Мелен бибер

Подготовка:

  1. Кратко пропржете го брашното на путер, па полека додавајте го млекото со постојано мешање со миксер. Зачинете со сол, бибер и мускантно оревче и варете 15 минути на среден оган. Кога сосот делумно ќе се олади вмешајте го и киселото млеко.
  2. Исечкајте ги ситно црвениот кромид, кромидот и магдоносот. Ако имате сув вргањ прелејте го со врела вода, а пред употребата процедете ги од вишокот вода. Изрендајте го сирењето.
  3. На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги печурките и динстајте 10-тина минути. Изгасете го огнот и измешајте го кромидот и магдоносот.
  4. Дното на садот каде што ќе ги печете лазањите премачкајте го со путер и прекријте го со слој бешамел сос. Ставајте еден ред тесто, бешамел, динстани печурки и нарендано сирење, се додека не ги искористите сите состојки. Последниот слој завршете го со бешамел и изрендано сирење.
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
  6. Кога ќе бидат готови, оставете ги лазањите 15-тина минути да се оладат па послужете ги си крцкава салата.