Подгответе печен зеленчук со моцарела

Овој италијански специјалитет, нормално без моцарела за тие што постат може да биде одличен лесен ручек или пак вечера. Печениот зеленчук не може без свежи зачини, а од сите најмногу му прилега босилекот.

Состојки:

250 гр. тикивички

200 гр. црвена пиперка

250 гр. домат

1 лаж. вегета

1 лаж. маслиново масло

200 гр. моцарела

За сос

2 лаж. исечкан босилек

3 лаж. маслиново масло

1 чешне лук

1 лажица оцет

Подготовка:

Тиквичките, доматот и пиперките исечкајте ги на долги парчиња, посипете ги со вегета и попрскајте ги го масло. Во тефлонска тавка, потпечете го подготвениот зеленчук. Босилекот измешајте го со маслиново масло. Топлиот зеленчук наредете го на чинија, а по него распределете ја исечканата моцарела, а посипајте го со подготвен прелив.

Совет

Во електрична сецкалка измешајте го исечканиот босилек, маслоново масло, оцет и исечканиот лук за да добиете покомпактна смеса.