
Доколку сакате да направите брз едноставен и нискокалоричен ручек, овој рецепт ќе биде идеален за вас.
Состојки
- 1 лажица микс зачин од тревки
- 2 лажички црвен пипер
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка бибер
- 2кг пилешки гради
Подготовка
Се комбинираат миксот од зачини, црвениот пипер, солта и биберот во мал сад. Истријте го пилешкото со зачините 30 минути пред печење. Загрејте ја рерната на средна температура и печете. Истото можете да го готвите на скара. Послужете во 4 порции.