Подгответе сами природно масло за сончање

Ова е наједноставниот рецепт кој можете да го направите сами, а кој е составен од 3 здрави состојки за кожата:

Во 1 стаклена тегла, ставете маслиново масло 250 грама, а потоа додадете 2 изрендани моркови и на крајот 5 зелени ореви. Затворете добро и чувајте на суво место околу 2 недели. Потоа процедете го маслото пред користење.

Морковот е богат со бета-каротен, силен антиоксидант кој ја штити кожата од УВ зраците, но и кој и дава одлична боја на нашата кожа. Природниот бета-каротен е побогат и поздрав од синтетскиот кој се употребува во многу креми за сончање.

Оревите се богати со витамин Е, кој ја чува кожата и ја подмладува.

Маслиновото масло содржи незаситени масни киселини, но и витамини А и Е кои помагаат од заштита од сонцето.