Ќе уживате во секој залак од овој кремаст пудинг со вкус на банана и опивен мирис на ванила, а можете да го декорирате на различен начин.
Состојки:
-3 јајца;
– филџан шеќер;
– филџан млеко;
– 3 банани;
– една лажичка екстракт од ванила.
Подготовка
Ги матите јајцата, додавате шеќер, млеко и екстракт од ванила и матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете ситно исецкани банани. Смесата ја варите на пареа сѐ додека пудингот не се згусне.