Пробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само 10 минути и подгответе вкусни чоколатца со кокос.
Потребни состојки:
200 мл кондензирано млеко или павлака за готвење
150 гр кокос
400 гр шеќер во прав
400гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Во сад сипете го млекото и додадете го кокосот. Додадете го шеќерот и добро измешајте додка не добиете густа, кремаста маса.
Смесата ставете ја калапи или правоаголен сад и ставете во ладилник за потполно да се олади. Откако смесата ќе се стегне извадете ја од калапот или исечете ја на мали правоаголници. Едно по едно парчињата валкајте ги во растопеното чоколадо и вратете во ладилник додека чоколадата потполно не се стегне.