За тесто:
1 kg меко брашно (тип 400);
1 супена лажица сол
½ литар млака вода
Масло или топен путер за премачкување
За фил:
½ kg мелено јунешко месо
1 кафена лажичка сол
½ кесичка мелен црн бибер
3 главици кромид
Подготовка:
Замесете меко тесто од брашно, сол и млака вода. Направете топка и оставете го тестото да стои половина час. Премесете го повторно и поделете го на 12 топчиња. Оставете ги постојат уште 15-тина минути, па истенчете четири топчиња со оклагија, премачкајте ги со масло и наредете ги едно врз друго. Истенчете ги уште малку со оклагија, па исечете ги на квадратчиња, наполнете ги со фил и затворете со вкрстено преклопување на тестото. Истото направете го и со преостанатото тесто.
Филот се подготвува така што ќе го промешате меленото месо, кафена лажичка сол, црн бибер и три главици ситно исецкан кромид.
Мантиите се редат во тепсија премачкана со зејтин и се печат на температура од околу 200 степени околу 40 минути додека не поруменат.
Откако ќе се испечат, можете да ги полиете со јогурт разреден со малку вода и исецкан лук и да ги вратите во рерната уште неколку минути.
Потоа прекриете ги со фолија, ставете крпа одозгора и оставете ги уште 15 минути. Сервирајте ги со јогурт.