Овие вкусни шницли од компири се навистина едноставни за подготвување, а доколку ви останало пире, одлично! Веднаш фатете се за работа и направете го ова вкусно јадење.
Потребни состојки:
-4 шолји пире од компири
-2 јајца
-3 парчиња сланина (по желба)
-1 шолја рендано сирење, сол, бибер
Начин на подготовка:
Пропржете ја сланината додека да добие златна боја. Извадете ја и тргнете ја на страна. Измешајте го пирето, јајцата, солта и биберот, па додадете ја ситно исецканата сланина и сирењето.
Со раце обликувајте 8 шницли и пропржете ги на тавата во која сте ја пржеле сланината по 4 минути од секоја страна.