Вишото јавно обвинителство во Белград подигна обвинение против поранешниот американски маринец, припадник на елитната единица „Фоки“, Даниел Дејвид Корбет поради недозволено носење на оружје. Заедно со него се обвинети упте тројца српски државјани, кои исто така се теретат за недозволено држење, носење и пренос на оружје и експлозивни материи.
Иако апсењето го открија високи српски функционери, останува нејасно што барал Американецот во Белград и зошто имал оружје.
Корбет беше уапсен на 31 јануари годинава во еден стан во Белград, кога кај него беше пронајден пиштол ЦЗ-99 со избришан сериски број. Тој е во притвор, кој со одлуката на Вишиот суд му е продолжен на 23 мај. Американецот се жалел на притворот, но за жалбата допрва ќе одлучува Апелацискиот суд.
Американецот, како што пренсоа медиумите, е вработен во фирмата „Рејвен милитари“, чиј косопственик Џеј Футлик, некогашен специјален асистент на Бил Клинтон.
Корбет бил припадник на Тимот 6, елитната единица на „фоките“.
Припадници на оваа единица толку често соработуваат со американската контраразузнавачка служба поради што понекогаш ги нарекуваат „преторијанска гарда“ на ЦИА, пренсеуваат светските медиуми.