Поднесена е кривична пријава за измама и злоупотреба против поранешниот пливач Александар Маленко.
Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација Александар Филипчев кој ја поднесе пријавата.
Според информации во дел од медиумите. Филипчев сметаат дека Маленко го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба.