
Возачот на службеното возило на министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши доби кривична пријава за сообраќајната незгода што се случи пред Владата.
38 годишниот возач со службеното возило „Шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на булеварот св. Климент Охридски со булеварот Илинден, удрил во возилото „Киа“, кое од ударот го променило правецот и удрило во возило „Фиат“.
Во несреќата повреди добиле две лица од „Шкодата“,кои со возило на Итната медицинска помош се пренесни во комплексот клиники „Мајка Тереза“.