„Во името на повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија, би сакал да Ве информирам дека официјално е поднесено барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.
Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија.
На барањето на свикување на Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидулани членови од Собранието.
Барањето за свикување Вонредно Собрание кое после повеќе неуспешни обиди конечно на ден 09.01.2024 година е примено во архивата на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија ги содржи следните точки на Дневен ред:
1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно“, се вели во соопштението од правниот застапник на членовите на Собранието на МОК за свикувањевонредно собрание.
Сегашниот прв човек на МОК е на функцијата од 29 октомври 2020 година и има петгодишен мандат, но досега повеќе пати беа изнесени критики и незадоволство од неговата работа. На функцијата тој го наследи Васил Тупурковски кој 28 години го водеше Олимпискиот комитет.
Фото:МОК