
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинение против мајката која на 31.август физички го малтретирала своето 18 месечно бебе.
По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, соопшти скопското Обвинителство, мајката е осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт, доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.