Обвинение за расизам и ксенофобични дејствија и официјално е поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски, објави БГНЕС.
На 16 декември Георгиевски мора да се појави како обвинет во овој случај, во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата, која била испратена во почетокот на декември.
Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, но по неговото официјално отворање во април годинава, беше организиран институционален и медиумски напад врз управата и поддржувачите на клубот. Само десет дена по отворањето, влезната врата беше запалена, а насилникот Ламбе Алабаковски е пуштен на слобода, велат медиумите во Бугарија.