Подофицер на АРМ почина за време на редовна физичка проверка

Подофицер на АРМ на 45-годишна возраст денеска околу 11:40 часот почина за време на редовна физичка проверка во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево.

– При проверката на една од дисциплините (трчање на 3.200м), на подофицерот видно му се слошило, од каде со воено санитетско моторно возило бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите по кратко време, констатирале смрт. Според првичните сознанија, до смрт дошло како резултат на инфаркт, соопшти АРМ.

Оттаму информираат дека согласно воспоставената стандардна процедура при задолжителниот лекарски преглед пред почетокот на проверката, кај починатиот подофицер од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, како услов за реализација на проверката.