Подолски лут на тие кои го критикуваат Месут Озил

Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски јавно застана во обрана на својот тимски колега, Месут Озил, кој во изминатите неколку недели е остро критикуван поради лошата форма, а таквите коментари добија уште повеќе на занчење после промашениот пенал во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, против екипата на Баерн (М).

„Точно дека сите сме разочарани после непријатниот пораз од Баерн (М), но и сите сме свесни дека станува збор за еден фудбалски натпревар. Нема потреба од такви коментари, не е фер да се критикува Озил. Знам дека и критиките се составен дел од фудбалскиот свет, но нема потреба од некаква полемика. Не убаво да се посочи само еден фудбалер, само кај него да се лоцира вината за поразот. Или ќе се критикува целиот тим или никој. Озил е фантастичен фудбалер, а промашениот пенал нема да има некое влијание врз неговата кариера. И јас сум промашил пенал, но тука се пријателите за да помогнат кога е најтешко”, изјави Подолски.