Натпреварот се играше во рамките на групата Б од Лигата на шампионите, а со оваа победа “вардарки” обезбедија во главната групна фаза од натпреварувањето.
Тимот на Вардар, освен во првите 10-на минути, кога се играше егал, буквално доминираше на теренот и не им дозволи на гостинските ракометарки ни за момент да се понадеваат на позитивен резултат. Резултатот на полувреме гласеше 15:10, а во вториот дел таа предност беше двојно зголемена, па на крајот резултатот гласеше 35:25.
Ова беше шести бод за Вардар со што се зацврсти на втората позиција во групата Б. Прв со осум бода е Будуќност, кој во ова коло го победи Турингер со 23-14. Германките имаат два бода, Подравка нула. Во следното коло Вардар го пречекува Будуќност.