Подземни електрични кабли приклучени пред броило водат во струмички хотел

Два подземни електрични кабли кои биле приклучени пред електрично броило и воделе кон објект сопственост на правен субјект (хотел) од Струмица биле откриени од страна на вработен во ЕВН Струмица.

Според сознанијата на НетПрес на 16-ти април годинава властено лице од ЕВН во Министерството за внатрешни работи информирало дека по претходна пријава до кол-центарот на ЕВН истиот ден извршен бил увид на пријавеното лице место, односно објектот „Вила Парк”, од страна на стручна екипа на ЕВН.

Воедно, извршена била е и проверка на трафостаницата и столб кабелот и мерниот ормар. Притоа утврден е недостаток на фаза. При вршење ископ пронајдени се два подземни кабела поврзани пред електричното броило. До каде одат каблите и со што се поврзани не е познато, но утврдено е дека каблите влегуваат во објектот „Вила Парк”. Според локални извори, објектот наводно е во сопственост на смејството Заеви.

Станува збор за кривично-правно дејство неовластен приклучок и кража на струја, велат познавачите на материјата. Количеството на потрошената електрична енергија може да укаже дали се работи за кражба за покривање на дел од потребите на објектот, односно хотелот и ресторано, или, пај, можеби за „рудање“ крипто валути.

НетПрес побара одоговор од Министерството за внатрешни работи, но до овој момент нема одговор. Но МВР на истото прашање дале одговор за порталот Курир.мк

„Од преземените мерки е констатирано дека со каблите не се врши бесправно напојување со електрична енергија на објектот, односно не е констатирано кривично дело „кражба на електрична и топлинска енергија“, велат во одговорот од МВР.

Додаваат дека за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.