![klinika cair](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/klinika-cair.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Министерството за здравство инормира дека во саботата доцна вечерта на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза” Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе.
Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните четири дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош.
На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30-та седмица од бременоста кога првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката ѝ била ординирана терапија и дадени ѝ се напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено.
Синоќа кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80 отсто, белодробен наод и агитираност.
Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести.
Кај пациентката, за жал, и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт