Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.
Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.
Според првичните информации, повозрасниот маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“.
Се очекува подоцна во текот на денот Министерството за внатрешни работи да излезе со официјални информации за трагедијата.
Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.